Хановер 2016: Камионот на Bosch ќе ги остави камионџиите без работа?

kamion

Еден од најзначајните експонати  во Хановер, меѓународен саем на комерцијални возила, е 40-тонски камион на германската компанија Bosch. Машината е дефинирана како „паметен уред на тркала“ и нема потреба од возач.

Според претставник на компанијата појавата на такво возило е целосно реална. Прототипот VisionX треба да излезе на патот во 2026 година, а освен дека ќе биде целосно автономeн, тој ќе може да се вклучува кон глобалната мрежа. Оттаму камионот ќе добива информации за патните и временските услови. Машината ќе може исто така да предвиди време за истовар на товарот, како и да си наоѓа место за паркирање. Исто така, VisionX ќе биде во постојана врски со слични камиони, а ќе може да се движи и во колона со нив. Ова е особено корисно за заштеда на гориво, бидејќи камионот што е напред го намалува воздушниот отпор и создава „ коридор за заштеда“ за возилата зад него. Од Bosch тврдат дека намалувањето на горивото со дополнителни 2% ќе биде постигнато благодарение на замена на стандардните ретровизори. Тие ќе ги проектираат случувањата зад камионот на монитор, лоциран на ветробранското стакло.

Германската компанија размислува за неколку варијанти за погон на VisionX. За среднотонажните камиони се предвидува мотор кој ќе работи на метан, бидејќи економски тој е најдисплатлив. Хибридниот агрегат е посоодветн за големите машини, при што потрошувачката на гориво може да биде подобрена со околу 6%. Тоа ќе се случи со помош на дизел мотор, кој ќе им помага на електромоторите. Посебен систм ќе ги полни батериите при спуштање по инерција или запирање.

- Реклама -