Муабети со Џек Николсон

jack

Џек Николсон – уникат и сметан за еден од најдобрите актери на сите времиња. Ужива статус на легенда, пред сé заради тоа што во повеќето филмови игра предизвикувачки улоги – невротични ликови и темни психопати, a богами и заради благо налудничавиот изглед. Николсон е номиниран за Оскар во секоја една деценија во периодот од 1960 до 2000 година, и има освоено три статуетки од најпрестижните награди – за најдобра машка улога (за „Лет над кукавичкото гнездо“ и за „As Good As It Gets“ ), како и за најдобра споредна машка улога (за „Terms of Endearment“).

Следуваат неколку импресивни мисли од стариот волк:

  „Долго време се плашев од тоа да останам сам. Бев приморан да се навикнам на осаменоста. Имаше моментиимав потреба да зборувам со некого, за да не полудам. Но сега сакам да сум сам. Искрено. Осаменоста е голем луксуз.“

  „Живееме, умираме, а тркалата на автобусот се вртат ли вртат.“

  „Се противам на сите општоприфатени убедувања. Мојата религија се сведува на тоа да бидам директен и да живеам во сегашноста. Старо клише, знам, ама мое си е.“

  „Не мислам дека луѓето имаат јасна претстава што всушност е одморот и каква важна улога игра во нивниот живот.“

jack-nicholson-[1]  „Никогаш не им ги давајте на луѓето своите најдобри совети, бидејќи тие секако нема да ги следат.“

„Мислиш дека Бог знаел што прави, кога ја создавал жената?“

„Во моментот кога престануваме да учиме, веќе сме мртви.“

  „Задоволен сум од фактот дека сум ги вложил потребните напори. Тоа што секогаш ме загрижувало е дека може да се откажам пред да дадам сé од себе.“

  „Децата му даваат целина на животот, која без нив е невозможна.“

  „Знаете што ми се крие длабоко во срцето, сé е веќе кажано и направено. Затоа јас сé уште живеам со илузијата дека главно луѓето гледаат на мене како на надежен млад актер.“

„Мразам совети, секакви, освен своите.“

  „Мојата филозофија е: живеј денес. Не го оставај незавршено она што сакаш да го направиш токму сега.“

  „Ги обожавам разговорите. Секогаш сум подготвен да го променам своето мислење, колку и да сум убеден во тоа.“

„Или светот те моделира, или ти го моделираш светот.“

jack-nicholson-in-about-schmidt-mit-wuesten-haaren[1]  „Ако мажите би биле искрени, би признале дека сé што прават и секаде каде што одат е со цел да бидат видени од жени.“

  „Мажите доминираат благодарение на својата физичка сила, и затоа се способни за сочувство таму каде што жените не го пројавуваат.“

  „Врвиме што побрзо можеме, секогаш кога можеме. Се натпреваруваме со времето, сé додека не ги потрошиме парите.“

  „Обожавам да работам со жени режисери – тие немаат ништо против да ме претворат во гламурозен маж.“

  „Можеш да ме повредиш со вистината, но никогаш не ме сожалувај лажејќи ме.“

  „Кога сум со очила јас сум Џек Николсон. Без нив сум дебел и шеесетгодишен.“

- Реклама -