Компанијата Lamborghini започна со сопствен развој на нов супер модел кој ќе се напојува со електрична енергија. Автомобилот ќе го носи името Vitola и ќе го видиме во 2021 година.
Новиот модел ќе биде изграден на модуларната платформа J1, која ќе биде формирана врз основа на конструкцијата на сериската верзија на електричното Porsche Mission E. Од него хипер моделот на Lamborghini ќе добие и систем за брзо полнење. Предвидено е идното Lamborghini Vitola да забрзува од 0 до 100 km/h за 2,5 секунди, а максималната брзина да надминува 300 km/h.
Автомобилот на Италијанците ќе излезе во ограничена серија, чиј лимит претстои да биде утврден. Појавата е планирана за 2021 година, бидејќи пред тоа ќе видиме електричното Porsche Mission E. Неговиот прототип беше прикажан во 2015 година, кој беше опремен со дваелектромотори, со моќност од над 600 КС. Концептниот модел забрзува од 0 до 100 km/h за 3,5 секунди, а за постигнување на 200 км/ч се потребни 12 секунди. Специјално за моделот на Porsche е развиена систем за полнење на акумулаторите со моќност од 800 волти. Тој може да ги наполни батериите до 80% за само 15 минути.