Лондон – новата утопија за велосипеди

И велосипедистите и експертите се согласуваат дека Лондонската велосипедска сообраќајна мрежа не е доволно безбедна за велосипедистите. А и како да биде, кога мораат да маневрираат меѓу застанати автобуси и автомобили, или на тротоар меѓу пешаци.

SkyCycle е предлог решение на Exterior Architecture, за градење на надвозници за велосипеди по сите најголеми сообраќајни рути на Лондон. Како што може да се види од приложениот материјал, се работи за велосипедска утопија, без автобуси, без автомобили и без стрес.

skycycle-elevated-bike-system-london-1[1]

Футуристичниот концепт драстично би го сменил велосипедскиот лајфстајл во Лондон. Се работи за 220 километри долга рута, непопречена од автомобили, која може да овозможи проток на 12.000 велосипедисти на час.

skycycle-elevated-bike-system-london-2[1]

SkyCycle нема да ги заменува патиштата, туку едноставно ќе понуди алтернативна опција, додавајќи вертикален слој на градот, создавајќи нови места за дружење и подобрен транспортен систем низ Лондон.

- Реклама -