Volkswagen го претстави Golf R со 360 „коњи“

golf

Германскиот производител претстави лимитирана верзија на својот најнов-Buzz хечбек, со многу повеќе моќ. Таа ќе достигне 360 коњски сили и 460 Nm или 60 КС и цели 80 Nm повеќе. Со нив автомобилите ќе забрзува до „стотка“ за време од 4.7 секунди и ќе достигне до 265 km/h.

За жал на фановите на моделот засега ќе се нуди единствено во Швајцарија. Од хечбекот ќе бидат произведени само 155 парчиња, а од реткиот караван уште помалку – 55 единици. Подобрувањата на моделот се развиени заедно со тјунинг експертите од ABT. Стандардниот пакет ќе вклучува индивидуализирана суспензија Dynamic Chassis Control (DCC), систем за навигација и Park-assist комбиниран со камера за гледање наназад. Моделот е „поткован“ со фелни од ABT.

Лимитираните автомобили на брендовите со многу драгоцени за фановите низ светот, брзо се претвораат во вистинска  вредности и веруваме дека така ќе биде и со овој модел. За практичните сепак отанува стандартниот R модел со тјунинг пакет од ABT, кој ќе нуди иста и дури поголема моќ, но за значително подобра цена.

Автоплус
- Реклама -