Малата благајна на УС Опен која ги исплаќа големите милиони

vajs1

Благајната на која на тенисерите на УС Опен им се исплаќаат паричните награди не е обична канцеларија иако така изгледа. Наградниот фонд кој се крие во неа оваа година изнесува 43,6 милиони долари, а оваа сума секоја година расте. Благајната е многу блиску до машките и женските соблекувални и играчите можат да ја намирисаат секогаш кога одат и се враќаат од своите тениски дуели. Ако сте гледале ТВ интервју од УС Опен, и вие би можеле лесно да ја најдете. Кај големиот УС Опен натпис ќе завртите десно и вратата на благајната е таму, веднаш во чело.

Но, добивањето на сите потребни дозволи за да влезете во тие простории и да разговарате со луѓето кои работат таму може да потрае.

Вајс Њуз разговараше токму со директорот на благајната Џо Хили. Од Вајс велат, на почетокот беше расположен за разговор, но со извинување ми објасни од кого се` мора да се добие дозвола за интервју.

Разговорот започна во канцеларијата (типична за канцелариите во американските банки)  зад благајната: компјутери, малку прозорци, многу неонки, работни маси со семејни фотографи и телефони со светла кои не престануваат да бараат внимание. И покрај тоа што се наоѓаме во подножјето на стадионот Артур Еш со капацитет од околу 23.771 седиште, атмосферата подолу е сепак многу мирна.

Играчите доаѓаат тука не само по пари, туку и да најдат малку мир и тишина. Во оваа канцеларија, покрај парите, се добиваат и познатите чоколатца и психолошка поддршка, бидејки, ајде да бидеме искрени, тука играчите обично влегуваат како губитници. Некогаш еден ден подоцна, понекогаш неколку часа подоцна, по прес конференцијата и по тушитањето. Понекогаш тие доаѓаат и само неколку минути по завршувањето на натпреварот, вели Хили и покажува на стол каде што играчите обично седнуваат, уште испотени и веројатно желни за овие чоколада.

Само еден тенисер, т.е. тенисерка доаѓаат тука на крајот на турнирот  без пораз, а излегуваат како милионери.

Огромниот награден фонд е одличен лек и мелем по поразот. УС Опен е познат не само по најголимиот награден фонд во тенисот, но и како прв турнир кој децении пред другите Гренд Слем турнири ги изедначи заработувачките за жените и мажите. Наградниот фонд и заработувачките се знаат уште пред почетокот на турнирот. Сфаќам дека во оваа канцеларија има многу пари, но не постојат тајни. Наградата за играчите што ќе изгубат во првото коло на турнирот изнесува 43.313 долари, во второто таа е веќе 77.188 долари и така се’ до победникот кој добива 3,5 милиони.

vajs2

Се разбира, од овие цифри се одбиваат различни американски државни и федерални даноци како и други одбитоци и трошоци што ги имаат играчите за време на турнирот, на пример шпанување на рекети. Можеби е необично да се мисли на цена за шпанување на рекети кога играчите  добиваат милионски награди. Но износите кои на крајот ќе им се исплататат значително се помали од објавените. Оној кој сака може да пресмета дека наградниот фонд на турнирот износева 46,3 милиони долари. Сепак, и покрај тоа што во оваа канцеларија има многу пари тие не стасуваат. Се разбира, банките се задолжени за големите износи, а готовината во благајната е за помалите трошоци и за дневните потреби на играчите.

Останатите богати американски спортски лиги, како на пример НБА, имаат разработени програми со кои на новите млади играчи им  помагаат да се справат  со новосоздаденото богатство и слава, и како тие да се однесуваат со парите, со други зборови, да не ги потрошат преку ноќ. Ми велат дека машката и женската тениска асоцијација АТП и ВТА се грижат за тоа на глобално ниво.

vajs3

Хили повторно ме нуди со чоколадо, со образложение дека тоа е амајлија и дел од некоја мала традиција. Велат, кога играчите ќе се најдат блиску до благајната, тие често пати влегуваат и во минување земаат чоколадце со надеж дека подоцна во текот на турнирот ќе дојде време да се вратат тука за да ги „средат сметките“.

Вајс Њуз

- Реклама -