Златан Ибрахимовиќ реши малку да се пошегува со новиот голман на Манчестер Сити, Клаудио Браво, во пресрет на престојниот натпревар кој треба да го одиграат Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити овој викенд, на Олд Трафорд. Имено тој спакува тренинг дрес и на кутијата напиша за кого е наменет.
Е сега, ваквите провокации многу често знаат да им се вратат на грбот на оние кои ги почнале.
Има две ситуации:
- Хет-трик на Ибра и заокружување на провокацијата.
- Пенал за Јунајтед на резултат 0:1, изведувач Ибрахимовиќ, Браво брани. Браво за Браво.