Типот кој не смее ни да помисли да нарача пица до крајот на животот

Неодамна дознавме дека на некоја жена и било забрането нарачување храна од локалната Домино`с пицерија поради тоа што таа имала ненормално високи стандарди за халапењо пиперчињата. Без разлика на тоа колку пиперчиња се ставани на пицата, никогаш немало доволно пиперки за оваа ненаситна љубителка на халапењоси, така што луѓето од Домино`с едноставно решиле да ја откачат.

Овој пат, судијата му забранува на еден човек во Себастијан, Флорида, воопшто  да се јавува во пицерии. Судијата изјави дека четириесетидеветгодишниот Ренди Ридл го малтретира персоналот и дека сега му е забрането да нарачува пица.

rendi

Уште во јуни, Ридл почнал да се јавува во неколку локални пицерии. Тој три недели порачувал семејни пици и одбивал да ги плати со испраќање лажни или непостоечки адреси или им телефонирал само за да им каже дека пиците им се одвратни.

Типов дури и викал полиција, се јавувал и во градското Собрание и Министерството за здравство да се жали дека пицата е катастрофална. Градските власти изјавиле дека бил ратоборен. Полицијата отиде толку далеку што направи леток со негова слика и со неговите абнормални потреби. Дури побарале од локалните ресторани да се обратат за помош доколку ги малтретира. Најпосле, Ридл беше уапсен на 1 август, а сега е ослободен со кауција. Во меѓувреме, одредена му е мерка забрана за стапување во контакт со која било пицерија.

Ние само можеме да заклучиме дека се работи за необична судска пресуда, но судијата изјави: „…на обвинетиот ќе му биде забрането да се јавува на која било пицерија телефонски и да ја вознемирува. Во спротивно ќе му биде одземена кауцијата“.

- Реклама -