Ново „фиќо“ за 10.000 евра

fiat-500Италијанците и официјално го претставија новиот „фијат 500“, во нашите краишта познат како „фиќо“, со што го исполнија ветувањето дадено во Женева пред три години. Како што јави хрватската телевизија Нова, популарното „фиќо“ се очекува да се појави во продажба во јули оваа година по цена од околу 10 илјади евра.

 

fiat-500-2big

 

Италијанците и официјално го претставија новиот „фијат 500“, во нашите краишта познат како „фиќо“, со што го исполнија ветувањето дадено во Женева пред три години. Како што јави хрватската телевизија Нова, популарното „фиќо“ се очекува да се појави во продажба во јули оваа година по цена од околу 10 илјади евра.

 

fikjonovo2Под името „фијат 500“, „фиќото“ може да се смета за наследник на мини БМВ и на „буба“ на „Фолксваген“. Новиот модел е долг 357 сантиметри, широк 165 и висок 149 сантиметри. Моделите ќе бидат со мотори со зафатнина од 1,2 и 1,4 литри, со 16-вентилска технологија и со 69 и 100 КС, какви што се вградуваат во „панда“, како и со 1,3 литри MJT турбодизел со 75 КС. Иако почетната цена на тој мал автомобил ќе се движи околу 10 илјади евра, во „Фијат“ очекуваат до крајот на годината да бидат продадени 58 илјади автомобили, а следната година дури 120 илјади. „Фиќото“ ќе се произведува во полскиот град Тучуја, каде што се составува и новиот „форд ка“. [Fiat 500

  

виа. 

- Реклама -