Човекот што ги сликаше легендарните фотографии со Џордан

legendarne-fotografije-majkl-dzordana-na-izlozbi-body-image-1471873102[1]

Ако твојот омилен спортист бил активен во последните 50 години, шансите се огромни дека го има фотографирано фотографот Волтер Лус.

Овој великан на спортската фотографија ја почна кариерата во Sports Illustrated уште во 1961 година, и од тогаш нема престанато да фотка. Од неодамна се здружи со печатарското студио и онлајн уметничката галерија Your Art Gallery, каде што ја постави на продажба својата изложба од 30 ретки архивни принтови од Мајкл Џордан од славните денови.

Лус го фотографирал Џордан уште од 1987 година, и конечно направија и заедничка фото-автобиографија – Rare Air: Michael On Michael. На продажната изложба на YAG ќе се најдат неколку фотографии од споменатата книга – пред сé познатиот црно-бел портрет со бела капуљача, но и многу други.

legendarne-fotografije-majkl-dzordana-na-izlozbi-body-image-1471873261

Your Art Gallery го прогласи Лус за фотограф на месецот, а во интервјуто за галеријата, уметникот одговори на прашањето како се поставува кога работи со овие „поголеми од животот“ спортски легенди. Лус одговори:

„Спортистите се навикнати на тренери исто како што актерите се навикнати на режисери. Кога доаѓаат на снимање, очекуваат да ја преземеш контролата… Твојата работа е да ги разоружаш, да ги направиш фотографиите кои ги имаш замислено и да ги пуштиш да си го тераат животот“.

legendarne-fotografije-majkl-dzordana-na-izlozbi-body-image-1471873131 legendarne-fotografije-majkl-dzordana-na-izlozbi-body-image-1471873169 legendarne-fotografije-majkl-dzordana-na-izlozbi-body-image-1471873188 legendarne-fotografije-majkl-dzordana-na-izlozbi-body-image-1471873205 legendarne-fotografije-majkl-dzordana-na-izlozbi-body-image-1471873228 legendarne-fotografije-majkl-dzordana-na-izlozbi-body-image-1471873242

- Реклама -