Компанијата W Motors од Дубаи го претстави концептниот автомобил ICONIC Seven, кој ќе треба да има официјална премиера во Пебл Бич овој викенд.
Ако името ви звучи познато, како на компанијата, така и на моделот, за тоа има според нас две причини. ICONIC доста наликува на она Ioniq на Hyundai, но нема никаква врска меѓу нив. А, W Motors е компанијата која го создаде неверојатниот Lykan Hypersport, кој беше дел од седмото продолжение на серијалот „Брзи и Бесни“.
Но, во ова нема ништо чудно, туку фактот што новината на Арапите е електричен бус со место за до седум патници. Иако во оваа фаза тоа е само концепт, од компанијата отворено ја нагласуваат желбата да развијат сериски производ, кој би се користел од такси компаниите.
W Motors возилото го нарекува Bussan – „ултимативен ван”. Во работата на неговиот развој се вклучиле и австриските специјалисти од Magna Steyr, кои е сосема можно да се зафатат со производството на серискиот модел, кога тој ќе стане реалност.