Зошто (не треба да) се плашиме да останеме сингл

negatief-denken-stoppen[1]

Со години, самците (сингл луѓето де, океј) во општеството се претставени како горе-доле комплетен промашај. Холивуд, на пример, успеа да сними дури три дела од Бриџит Џонс, само врз основа на таа претпоставка. Ама во реалноста, се покажа дека најголем дел од истражувањата на животот на самците се спроведени преку призмата на бракот, што не е најдобриот начин да извлечете објективни заклучоци за животот на самците, нели. Со други зборови, самотничкиот живот можеби и не е така лош како што е претставен.

Незадоволна од таквата извитоперена ситуација во истражувањата околу тоа колку исполнувачки е животот во сингл варијанта, психологот и авторката на книгата Singled Out – д-р Бела де Пауло, одлучила темелно да ја истражи самотијата. На тоа работела 10 години, а нејзиното најтазе дело алудира на тоа дека прифаќањето на самотијата може да доведе до поголем психолошки раст и развој отколку кај луѓето во брак, за кои е поверојатно дека ќе станат поизолирани и поповлечени од нивните сингл еквиваленти.

Vice тргнува на заедничко патување со де Пауло, во кое се обидува да дознае од каде опсесијата на општеството со бракот, и дали самотијата треба да се гледа како нешто без никаква потенцијална предност.

Зошто толку се плашиме да останеме сами?

Де Пауло: Се чини дека идејата дека сите сакаат да се венчаат е организационен концепт на општеството. Ако луѓето завршат во брак, тие мислат дека ќе бидат посреќни, поздрави, дека подолго ќе живеат. Така, ако се омажите/ожените, се чувствувате како да сте ја направиле правата ствар и со самото тоа што сте ја пронашле таа една личност, вие сте ги составиле сите парчиња од сложувалката и сте го поставиле животот на своето место. И ако го прифатите тој начин на размислување, самците за вас претставуваат закана, особено ако гледате луѓе кои уживаат додека се сингл. Тоа тогаш станува директна закана – или пречка – за вашата претпоставка дека бракот е единствениот пат до вистинската среќа.

Чудно, бидејќи се чини дека кога сте сами, кај другите тоа најчесто предизвикува сожалување.

Се плашиме да останеме сами затоа што самотничкиот живот е стереотип нападнат од друштвото; луѓето мислат дека ако сте самец, нешто со вас не е во ред. Никој не сака така и сам да се доживува. Тоа што не постои позитивен, достоинствен простор за самите, води кон тоа подолго да остануваме во лошите врски. Иронијата е дека кога би се имало помалку иронија кон самците, тоа би било добро и за луѓето кои сакаат да бидат во пар – затоа што тогаш на таа своја желба би можеле да ѝ пристапат од позиција на моќ – тогаш тоа би било нешто што тие би го сакале, а не нешто што е производ на нивниот страв од тоа да останат сами.

Кои се предностите на животот како сингл?

Постојат многу истражувања за самотништвото – психолозите се практично опседнати со неа; и, иако осаменоста може да биде болна и да има негативни ефекти, кога се фокусираме само на нејзините опасности, нас незабележани ни се провлекуваат нејзините предности. Самците – особено тие што избрале таков живот – навистина се радуваат на времето кое го поминуваат сами. Кога размислуваат за тоа дека ќе бидат сами, тие уживаат во самата помисла на тоа, наместо да се грижат што ќе немаат партнер. А и истражувањата кои почнуваат да се спроведуваат околу самотијата се охрабрувачки – се покажа дека таа е добра за креативноста, за опоравувањето, личниот развој, духовноста и опуштањето.

На какви карактеристики наидувате кај луѓето кои самоволно се одлучиле на самотнички живот?

Самците почесто се развиваат како личности и допринесуваат на општеството на значајни начини. Еден од стереотипите за самците е дека живеат животи на незауздана потрага по задоволство, но тие всушност се попосветени на добротворна работа и многу работат на негувањето на другите.

Уште една работа која ги издвојува луѓето што самоволно се определуваат за самотнички живот е тоа што тие не се толку опседнати со тоа дека нивниот партнер им е сé во животот. Резултатите од истражувањата покажуваат дека кога луѓето се венчаат, тие се изолираат и кога немаат деца, затоа што е тоа дел од нашиот брачен менталитет – паровите мораат да бидат тесна единица во која главно се бавите само еден со друг. Од друга страна, самците се поврзани со своите пријатели, браќа и сестри, родители, комшии и колеги.

Постои ли некој начин тоа да се спречи, или брачните парови се осудени на тоа да се повлекуваат во себе?

Тие мораат да ја надминат идејата дека се нераздвојна единица и да бидат слободни да се посветат на луѓето и страстите кои им се важни.

Што можат луѓето да направат околу тоа стравот од осаменоста да не ја засени предноста на самотијата?

Прифатете сé што е добро во врска со времето кое го поминувате сами. Ако не знаете што е тоа, помирете се со самотијата и видете дали можете да пронајдете нешто позитивно во неа. Почнете да го доживувате времето кое го поминувате сами како прилика, а не како закана.

Зошто е истражувањето околу самците толку незастапено?

Не успеавме да фатиме чекор со промените; во САД, пропорцијата на луѓето кои имаат 25 или повеќе години, а кои не стапиле во брак, во 2012 година беше двојно поголема во споредба со 1960-та. Луѓето поминуваат повеќе години зрел живот вон бракот, така што нема смисла и понатаму да се бавиме исклучиво со венчани луѓе. Тоа што најмногу ме шокираше кога за првпат се посветив на ова прашање пред повеќе од деценија, беа тврдењата околу огромните предности на бракот – здравје, долг живот, среќа – во основа многу претерани или просто погрешни.

Што е следниот чекор во ова поле и во вашата работа?

Мораме да ги сфатиме животите на самците сериозно, и да се обидеме да разбереме зошто нивните животи се исполнети, наместо да ги набљудуваме исклучиво преку перспектива на бракот. Што се однесува на мојата работа, сакам да дознаам што повеќе за луѓето кои се самци во душа; луѓето за кои самотничкиот живот е најдобар начин на живеење, најавтентичен, најисполнет и најсодржаен. Тоа значи да се живее со полна плуќа, да се следат страстите кои најмногу ги сакате и да одлучувате за себе за тоа кои ви се важни луѓе во животот, наместо да зборувате дека сé се сведува на една личност. Суштината е во прифаќањето на својата самотија ако тоа е тоа што ви е важно, но во суштина се работи токму за креирање на сопствено сценарио за сопствениот живот.

- Реклама -