Проверете дали сексуално го привлекувате

По само неколку минути од првиот состанок може да откриете дали сексуално го привлекувате. Внимателно набљудувајте го неговото однесување и ќе сфатите дали тој сака состанокот да го заврши во кревет. Во тоа ќе ви помогнат овие неколку очигледни знаци.

Говор на телото

Ако момчето со кое сте на состанок е заинтересирано за вас, тогаш за време на разговорот благо ќе го навали неговото тело кон вашето. Тоа е дискретен потег со кој ви покажува дека сака да ви се доближи.

Значајни погледи

Неговиот поглед говори најмногу за тоа како тој ве доживува. Многу е тешко погледот да се опише со зборови, но бидете сигурни дека кога ќе ве погледне заводнички вие веднаш ќе го препознаете тоа и ќе се чувствувате како да сака да зборува само со очите.

Случајни допири

Ако ја користи секоја шанса за навидум случајно да ве допре, тогаш дефинитивно е загреан. Случајните допири на рацете, нозете или колената се уште еден начин на кој ви праќа порака дека сака подобро да се запознаете.

Лоша концентрација

Иако изгледа многу заинтересирано во разговорот и се обидува да ве насмее, нешто постојано му ја нарушува концентрацијата и неговите реченици го губат текот. Најверојатно вашата близина е виновна за тоа.

Нервоза

Мажите сакаат да имаат контрола над своите чувства, но тоа не секогаш им оди од рака. Ако е вознемирен, постојано ја менува тежината од една нога на друга и му се потат длаките, тогаш сигурно го привлекувате.

- Реклама -