Додека спортистите бркаат медали и рекорди на Олимписките Игри, еден локален уметник во Рио брка Гинисов рекорд – за најголем мурал на светот нацртан од еден човек. Зафаќа површина од 3000 метри квадратни.
Авторот е Едуардо Кобра – уличен уметник од Бразил, а во делото насловено „Ethnicities“ претставува пет различни лица на припадници од домородните народи на пет различни континенти. Баш како што олимписките кругови ги претставуваат самите тие пет континенти.