Зошто Ајнштајн го исплази јазикот

Мурал во Санкт Петерсбург
Мурал во Санкт Петерсбург

Кој би рекол, ама ова не е една од многуте монтажи кои кружат на интернет. Култната фотографија на која Ајнштајн се криви со исплазен јазик е всушност автентична. Ќе ја видите во фотошопирани варијанти, да, ама јазикот и лицето се негови.

Како вака се опуштил генијалниот физичар? Вистинската приказна оди вака: За неговиот 72 роденден, на 14 март 1951, неговите пријатели и колеги му спремиле забава со бројни гости, меѓу кои и фотографи од медиумите.

На крајот на прославата, која патем се одвивала во клубот (не ноќен клуб) Принстон, Ајнштајн веќе бил прилично изморен. Еден од неговите пријатели се понудил да го одвезе дома.

Einstein-Frank-Aydelotte-and-wife-2[1]

Таман кога професорот влегувал во возилото, еден од фоторепортерите го повикал:

„Еј, може уште една фотографија?“.

AE-2[1]

Другото е историја, со која се гордеел и самиот фотограф Арт Сасе, а му се допаднала и на Ајнштајн. До толку што порачал 9 примероци од истата, од кои некои ги користел за праќање честитки.

- Реклама -