Мажите потсвесно не можат да одолеат да погледнат во женските гради. Се прашувате колку време им е потребно за скенирање на женското деколте? Краткиот одговор е: многу пократко отколку што мислите.
Дејли Мејл спроведе мало истражување на темата. На 8-те машки учесници им подели специјални очила со eye-tracking технологија, која го следи движењето на окото, а со тоа и погледот. На половина од мажите им кажале што им е намерата, на другата – не.
Овие што знаеле, некако успеваат да одолеат, поточно тројца од нив. Другиве таква среќа немаат. На едниот му требаа само 0.4 секунди, на другиот 0.6. Највоздржаниот успева да одолее „дури“ 2 секунди.
https://youtu.be/2klQY4BFZPs
Сé ова е несвесно. Еден од четворицата вели дека не се ни сеќава дека погледнал. Ама ете, не е до него. А не дека мажите го скенираат само деколтето, го скенираат и лицето на жената. Ама градите, по дифолт, не остануваат непроверени, освен кога стварно се трудите. А некогаш – ни тогаш.