Lada 4х4-Niva не се предава, иако веќе има 40 години!

cd5d0ad6-a421-447c-bcd8-3020376571f4_790[1]

Во пресрет на својата 40-годишнина, Lada 4х4, која многумина ја знаат како Niva, претрпе голем број процедури на „помладување“.

Творецот на автомобилот Петр Прусов своевремено кажа. „Автомобилот не е коњак и со тоа како старее  да станува подобар!“. Но, неговите теории не се потврдија, дури спротивно?! Значи самиот тој, а камо ли целата јавност, навистина не веруваше дека со одредени модификации моделот ќе успее да се задржи на светската сцена цели 40 години!  Niva го надмина времето со необично храбра форма и концепт за прв во светот теренец со самоносечка каросерија. Ниту најголемите оптимисти не и најавуваа ваква богата историја за изведбата, многумина прогнозираа дека  ќе се произведува до 2006, а сега сме веќе 2016?! Денес како евентуална година за запирање од производство на овој 40-годишник се споменува дури 2021.

3d9d9801-9733-46bc-b589-234c0b0aef13[1]

За да продолжи вечната младост на моделот „вазовци“ имаат подготвено доста богат пакет од доработка, а највпечатлив е новиот ентериер на возилото. Целосно нов! Повторно се дизајнирани таблата со инструменти и климатизација, а за последен пат слично обновување Niva имаше во далечната 1994 година. Ова требаше да се случи поодамна, но поради кризата во руската економија, сепак, оваа радикална промена на ентериерот е одложена за 2017.

Приказната за Niva започна на стартот на 70-тите години на минатиот век, кога била проектирана изведба од инжинери во Тољати кои сакале да проверат дали поцврста каросерија ќе се спротистави соодветно на зголемено оптоварување на предниот мост. Како резултат на споровите пронајдено е компромисно решение, како прицврстување на редуктор директно на моторот. Интересно е дека начин да се „разделат“ моторот и редуктор е измислен одамна, на пример кај Chevrolet Niva уште од почетокот мостот е независен од моторот. Кај сериските Lada 4×4 оваа стара замисла е реализиран дури сега. Веќе помалку се тресе возилото кога е во „лер“, намалена е бучавоста и вибрациите. Новата предна оска е дворедна, радијално прицврстени лежишта, кој ја елиминира потребата од регулирање. Од фабриката тврдат дека нивната конструкција е посигурна со пресметани максимални оптоварувања при тврди ударни оптоварувања и нуди квалитетна заштита од навлегување на кал и влага.

Во текот на ова модифицирање следат подобрени предни пружини, и потврди, со што целосно е променета амортизацијата, тие веќе се гасни со вентили, од германската компанија ZF. Новина е и рампата на стабилизаторот, што ќе овозможи да не се извлекува по дупките во off-road управувањето Новина се и дисковите кои се аналогни на оние кај моделите со преден погон. Ефектот е веќе присутен, автомобилот веќе не „потскокнува“, зголемена е брзината при возење по дупките и нерамнините – кај старата во таков режим не можеше да се вози повеќе од 60-80 km/h, а кај новата сосема удобно е и со „стотка“. Од фабриката ветуваат дека дури и при најтешки удари суспензијата ќе издржи од 90 до 100 илјади поминати километри.

Да си признаеме – смислата на овие новини ќе ја разберат и почувствуваат вистинските фанови на моделот. Откако ќе слушнат за нив сопствениците на Niva ќе скокнат од радост, а современиот возач ќе ги крене во недоумица рамениците, зарем ова сега е Niva?

Среќен 40-ти роденден Niva!

- Реклама -