Од Министерството за економија информираат дека одлуката се однесува на флаширана вода, свеќи за домаќинство, заштитни ракавици, гумени чизми, лопати, заштитни маски и средства за дезинфекција.
Гумените чизми се продаваат по двојно повисока цена. Забележано е зголемување на цените и кај лопатите, пумпите за вода, кофите, свеќите, односно кај сите продукти кои деновиве се купуваат во големи количини.
Револтот граѓаните го изразија и преку социјалните мрежи. Апелираат до трговиците да ја покажат својата хуманост и да не ја користат оваа елементарна непогода за да заработат. Велат дека залихите од продуктите кои се неопходни за во кризните пододрачја подобро е да ги доделат бесплатно отколку да се богатат, со што само би си направиле лош маркетинг.
Пред две години се случи истото и во Србија. Кога земјата ја зафатија обилни дождови и поплави, цените на водата, храната и чизмите пораснаа и до 400 проценти. Револтирани од односот на трговците, институциите во змејата спроведоа строги контроли и казни за сите оние кои неоправдано ги покачија цените.