Во САД се појави нов тип свински грип

Во текот на месец јули во САД се забележани 16 нови случаи на нов тип свински грип, објавија од Центарот за контрола и превенција на болести во САД.

Она што е загрижувачко кај овој тип на грип е што носи човечки М ген кој многу го олеснува навлегувањето на вирусот во човековото тело. Првиот случај на новиот тип на свински грип во САД бил забележан во почетокот на месец јули, а до денеска има триесетина нови потврдени случаи, иако Центарот за контрола и превенција на болести во САД смета дека оваа бројка е многу поголема.

Според министерството за земјоделство на САД, вирусот на свински грип бил детектиран кај свињите во 11 држави во САД и огромни се шансите дека ќе се прошири во другите држави. Свинскиот грип е нормален меѓу свињите, а секоја година се заразуваат по неколку луѓе поради невнимание и нехигиена.

Сепак, светот има лошо искуство со свинскиот грип, а научниците стравуваат дека овој тип што сега е откриен би можел да биде многу поопасен. Свинскиот грип се пренесува при контакт на човек со заразено животно како и при човек – човек.

Прочитајте и:  САД ја отфрлаат одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху и Галант

За среќа оваа година смртни случаи помеѓу луѓето од новиот тип на свински грип не се забележани. Симптомите се типични за грип, покачена температура, болки во зглобовите, кашлање, болки во градите, мускулите и сл.

Дали има опасност од пандемија? Научниците велат дека овој тип на вирус е можеби најнепредвидлив. На прашањето дали се очекува пандемија, одговорот е – мoжеби да, можеби не, што и да кажеме сега би било можеби погрешно.

Сепак тие сметаат дека ако се преземат навремени мерки, т.е се алармираат институциите и правилно се информираат граѓаните голема опасност нема да има, но сепак останува да видиме.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -