„Атлетичарите буквално ќе пливаат во човечки измет“, вели локалниот педијатар д-р Даниел Бекер.
Пред седум години, кога бразилскиот пристанишен град прв пат победи како кандидат за Летните Олимписки Игри во 2016, светот се прашуваше дали Рио ќе се погрижи и ќе го реши прочуениот проблем со загадувањето навреме за Игрите. На три дена од церемонијата на отварањето, сега одговорот е јасен.
Во 2009 Бразил вети дека ќе направи напор вреден 4 милијарди долари, со цел да исчисти 80% од 8.200 литри канализација што стигнуваат во заливот Гванабара секоја секунда. Бразил потроши само 170 милиони, и е добро видливо.
Најстрашното од сé, сепак, е тоа што не се гледа на фотографиите. Водите на Гванабара се полни со ротавируси кои предизвикуваат повраќање, но и со буквално смртоносни супербактерии.
Сé на сé, како што покажа тестот спроведен од Асошиејтед Прес лани, заливот содржи ниво на вируси 1.7 милиони пати од тоа што на повеќето места би се сметало за опасно.
„Само треба да ги држиме устите затворени кога водата ќе прска нагоре“, вели Афродит Зегерс – член на едреничкиот тим на ХОландија.
Предоцна е за нешто значајно да биде направено, а некои олимпијци, вклучувајќи ги членовите на едреничките тимови на Шпанија и Австрија, веќе фатија гастроинтестинални болести. Како што вели долгогодишниот општински инженер Стелберто Соарес, „Тие можат да се обидат да ги блокираат големите предмети како каучите и мртвите тела, ама овие реки се вистинска течна смеса од ѓубре, па бактериите и вирусите ќе поминат без проблеми“. Соарес додава и дека се скинал од смеење кога слушнал дека властите ветиле дека ќе ја исчистат водата додека да почнат Игрите.
Еве што било смешното: