Во затворот Аранхуез во Шпанија, неодамна беше дизајнирана F-1 келија која им овозможува на затворените родители да живеат нормално со своите деца.
Во затворот Аранхуез во Шпанија, неодамна беше дизајнирана F-1 келија која им овозможува на затворените родители да живеат нормално со своите деца.
На ѕидовите може да се видат Дизни карактери, бебешки кревет за децата како и простор за игра наменет за најмалите. Идејата е децата да се поврзат со своите родители, односно затворениците да се рехабилитираат преку родителска грижа.
Овој затвор се наоѓа 40км од Мадрид и има 36 келии за фамилии, кои во затворскиот жаргон се познати како „келии со пет ѕвездички“.
По оваа слика криминалот некако изгледа примамливо – ако имате фамилија и живеете во Шпанија секако.