За да ти ја сфатат сериозно мафијата, мораш да си суров и иновативен кога ги убиваш непријателите. Суровоста е одлика на сите најголеми криминални организации (освен владите и политичарите, тие го прават тоа малку поскриено), кои на тој начин сеат страв и меѓу конкурентните мафии, и меѓу цивилите.
Така, кога неодамна во Русија се обелодени грозоморното убиство на Олег Новоселски – претседател на Одборот на директори на банката „Кутузовски“, од страна на бандата на озлогласениот Аслан Гагиев, многумина затреперија од ужас. Банкарот беше убиен во 2006, но телото го најдоа дури 10 години подоцна, по признание на еден уапсен член на бандата, на дното на Московскиот канал.
Банкарот, кој одбил да им го препише својот имот во областа Митишински на мафијашите, бил киднапиран, тепан, па ставен во буре налеано со бетон. Така бетониран до вратот, Новоселски бил оставен цела недела да стои под жешкото сонце во дворот на извесна селска куќа, заради што ќе доживее бавна и болна смрт.
Во продолжение, уште неколку од најсуровите „спектакуларни“ мафијашки егзекуции.
„Колумбиската вратоврска“
Ова е изум на колумбиската мафија. Често ја применувал Пабло Ескобар.
При овој метод, се сече и се прави отвор на вратот на жртвата, кај грлото, низ кој отвор се извлекува јазикот. Тоа создава слика што на болен начин наликува на вратоврска.
„Бамбусова шума“
Кинеските тријади го користат како метод за „тешка“ казна.
Врвовите на младите стебла на бамбусот се острат за да добијат форма слична на копја. Жртвата се поставува над нив, на стомак или грб, и се остава стеблата да пораснат. А бамбусите растат по 1 метар на 24 часа.
Стеблата се зариваат и поминуваат низ телото на жртвата, предизвикувајќи ужасно болна смрт.
„Растворање во киселина“
Со растворање на жртвите во киселина почнаа членовите на сицилијанската мафија. Особено голем фан на овој метод на убивање бил еден од најсуровите мафијаши – Џовани Брускa. Токму тој ќе учествува во убиството на обвинителот кој се занимаваше со борба против мафијата – Џовани Фалконе, во 1992 година.
По тој атентат, Бруска ќе се посомнева дека еден од неговите помошници го „пее“ на полицијата. Ќе му го киднапира 11-годишниот син и ќе го мачи детето 2 години. На крај ќе го раствори во када со киселина.
„Бетонски чевли“
„Изум“ на познатиот чикашки мафијаш Џони Розели, кој во раните 60-ти ќе биде тајно ангажиран од ЦИА за да изврши атентат врз Фидел Кастро. „Спешл скил“ на озлогласената Коза Ностра – мафија создадена од натурализирани Италијанци во САД. Ова е веројатно и најпознатиот метод на убиство кога станува збор за мафиите. Онаа заканата во американските филмови „swimming with the fishes“ (пливање со рибите)? Баш на ова се однесува.
Жртвата ги става нозете во леген/сад, во кој се сипува бетон. Кога ќе се стврдне, човекот го фрлаат во вода. Бетонот го влече кон дното, а жртвата умира со давење.
„Пржење“
Баш вака њујоршката мафија се справи со поранешниот „Juice man“ (надимак за рекетар, мафијашки „собирач на данок“) Вилијам Џексон, под сомнение дека работи за FBI. Го закачиле 150 кила тешкиот „детектив“ за кука, по што го гореле со специјална лампа (режач), која се користи во месните комбинати за варење на свинското. Згора на тоа му ги изгореле и очите со вжештено железо, а на крајот и го застрелале. А потоа – го печеле на струја.
„Куршум во анусот“
Авторот на ова „дело“ е дон Џо Профачи од бруклинскиот клон на Коза Ностра, мафијаш кој бил исто така познат по својата одмазда и свирепост. По негова наредба, извршени се неколку убиства со истрел во анусот. Жртвите умирале од болка и обилно крварење, што траело по неколку часа.
„Глазговска насмевка“
„Глазговската насмевка“ е рана што се прави со сечење од рабовите на устата на жртвата, до ушите. Тоа остава лузна во форма на насмевка „од уво до уво“. Се смета дека потекнува од Глазгов, Шкотска, а подоцна стана популарна и кај англиските улични банди. Се појавува и кај латиноамериканските.