Пратете го ѕверов. Доаѓа од Шведска и се запнал да направи столица што лета. Сé што прави документира на Youtube, во серија од 12 видеа. Во десеттово, за прв пат полетува.
Неговава летечка столица има 8 ротори и е контролирана од возач/пилот. Технички не е дрон, затоа што носи „екипаж“.
За разлика од обична мулти-ротор машина, мултикоптерот на овој сé уште анонимен (по негова желба) сонувач има мотори со согорување што ги напојуваат роторите. Со тоа овозможуваат повеќе коњски сили по перка. Ако моторите беа електрични, за истово ќе му требаат повеќе од 50 ротори.
И најлудо од сé, му успева! Само мала забелешка пред да го гледате видеото, во случај да го пропуштите делот каде што објаснува: понекогаш губи контрола заради големото движење на воздухот под мултикоптерот, предизвикано од пропелерите. Кога би бил повисоко, летот би бил многу, многу постабилен и помирен, ама страв му е на човекот – не планира да се утепа. А да, и намалете го звукот.
Какво инспиративно човечиште, wow.
Ако сакате да му правите друштво во авантурата, следете го тука. Човеков има и куп други луди „направи сам“ проекти.