Тоа дека додава 10 кила ќе ви го кажат тие што чуле, ама не дочуле, затоа што во Aмерика уствари викаат „10 pounds“, што уствари се 4.53 кила. Туку да не ситничиме, затоа што тоа дали камерата додава, и колку, зависи од еден куп фактори.
Прво, тука е фотографот. Со лошо/добро осветлување, агол, леќа, тој може да направи да изгледате дебели, слаби, или нормални, какви што сте. Како и да е, и камерата си има улога, што благодарение на блицот, што на леќата што се користи.
Следниов gif е дело на Ден Војтек – специјалист во екстремни спортови и фотографија. Тој илустрира како различни леќи влијаат на изгледот на лицето на субјектот.
Мобилните телефони имаат 35 mm леќи, на пример. Не се баш најдобрите за портрети. Најдобри би биле 50 милиметарски, во фул фрејм. Од друга страна, за да изгледате послабо, ви требаат леќи со помала фокална должина. Во тој случај, пак, носот ќе ви изгледа поголем. Никако не си…
Мајкл Ричмонд – професор по физика на Институтот по технологија во Рочестер, сето тоа го има убаво и сликовито објаснето.
Истиот пример со шолја за чај:
А на следната слика се двете перспективи (на левото и десното око), споени во една. Се забележува дека левата и десната половина не се совпаѓаат баш целосно на средина.
Значи, да ги споредиме:
Забележувате? Иако шолјата е сосема иста во ширина, до пиксел, позадината изгледа многу поразлична т.е. плочата што ја гледа камерата изгледа многу потесна од таа што ја гледа мозокот. А кога плочата е потесна, шолјата пред неа (објектот во фокусот) изгледа многу поголема, затоа што мозокот ја споредува со околните предмети. На следниов gif тоа е уште повидливо:
Ете, затоа сме дебели на слики.