Уметноста е насекаде околу нас. Арт-колективот од Берлин – Raubdruckerin (во превод значи „пиратски принтери“), не само што ја забележува каде што обично ние ја превидуваме, туку и ја користи за одлични дизајни за маици и ташни.
Дечкиве користат шахти, решетки, вентилации и други јавни добра, и ги претвораат во уникатни принтови на облека и акцесоари. Работат на лице место, нанесеувајќи мастило директно на „шаблонот“, а потоа ги продаваат своите креации преку нивната онлајн продавница, каде што ќе најдете дизајни од Амстердам, Лисабон и Париз.