Побарај го, и Бог ќе ти се јави (на Месинџер)

pravoslavna_crkva_rusija[1]

Руската православна црква ќе прави свој „Месинџер“. На нивниот друштвен профил, кој е отворен по амин на московскиот и рускиот патријарх Кирил, соопштија дека работата на нарачаниот месинџер е веќе започната. Еден таков сервис за комуникација, сметаат тие, би обезбедил непрекината врска меѓу верниците и црквата.

Апликацијата ќе има стандардни функции, вклучувајќи можност за аудио пренос и видео пораки. Свештениците ќе имаат и некои дополнителни опции (вметни „музика од Зона на самракот“ тука).

Бројот на потенцијални верници што користат друштвени мрежи и месинџери, според ницните процени, се движи од 7 до 10 милиони луѓе. Ќе се работи на тоа да се привлечат уште повеќе.

Да се надеваме дека Господ има добра Wi-Fi мрежа.

Прочитајте и:  Свештеникот кој дозволи снимање спорен спот во црква, расчинет поради проневера
- Реклама -