Документи потребни за да испиеш чаша вода од една од чешмите во твојата фирма:
1. Копија од судската одлука за регистрација на фирмата.
2. Копија од друштвен договор (за компании).
3. Централен регистар – копија заверена на нотар.
4. Даночна регистрација – копија заверена на нотар.
5. Договор за наем – копија заверена на нотар, 2 примерока.
6. Дозвола од наемателот за користење на водата.
7. Потврда (копија) за платени сметки за вода за последните 6 месеци.
8. Анализа на исправноста на водата за пиење.
9. Овластување од реонската управа на МВР за пиење вода.
10. Хемиска анализа на водата од катедрата по Хемија при МАНУ – оригинал и копија заверена на нотар.
11. Анализа на водата за состојки од штетни материи издадено од Државен здравствен инспекторат – оригинал и копија заверена на нотар.
12. Изјава дека доброволно сакате да пиете вода од чешмата.
13. Мерење на температурата на водата, заверено од Државен здравствен инспекторат.
14. Опис на чашата што ќе се користи за пиење на водата, заверен од Државен здравствен инспекторат.
15. Молба за испивање на чаша вода, потпишана од лицето.
16. Потврда за платено здравствено осигурување.
17. Потпис на двајцата родители, дека се согласуваат лицето да пие вода; ако еден или двајцата родители се починати – потребна е копија од умреница заверена на нотар.
18. Изјава за количината на водата што планирате да ја испиете.
19. Дозвола од водовод за пиење вода.
20. Судска потврда дека лицето и порано пиело вода.
21. Потврда за дека лицето што сака да пие чаша вода не е осудувано.
22. Лична карта на лицето.
23. Извод од матична книга на родени на лицето.
24. Лична карта на управителот на фирмата.
25. Извод од матична книга на родени на управителот на фирмата.
26. Најнова слика од лицето што намерува да пие вода.
27. Најнова слика на чашата и чешмата од која ќе се пие вода (по 2 примерока).
28. Потврда за платени даноци за претходната година на лицето.
29. Потврда дека лицето нема неплатени сметки за интернет.
30. Изјава потпишана од чашата дека се согласува во неа да биде налеана вода.