Што значи „мангуп“?

Кој ќе го знае од каде оригинално потекнува зборот мангуп – Србите викаат дека е српски, звучи како турски/арапски, а на Крим има кале што се вика Мангуп Кале.

Денес мангуп има повеќе значења, ама воглавно означува некој што е снаодлив и итар, но во негативна конотација. Сепак, во 1886 зборот имал сосема друго значење на овие простори, а постоел и закон што се однесувал на самите мангупи.

mangup_slika[1]

Да, во 1886 година, мангуп значел стока или домашно животно што скита наоколу, а чиј газда/стопан не им е познат на властите или на селаните. Според законот, ако такво животно биде најдено, за него се грижи општинската власт.

Не само што во законот стои и научна поделба на мангупите, туку предвидена е и казна за несовесниот газда:

„Газдата на мангупот, ако е пронајден, должен е да ја плати не само штетата и трошоците за хранење и чување на мангупот, но и трошоците за објава во весниците и други трошоци, ако ги има“.

- Реклама -