Новиот Голф ќе биде понуден со 10 агрегати

Премиерата на новата седма генерација на најпродаваниот модел на Volkswagen на сите времиња, популарниот Golf, e  закажана за 4 септември во Берлин, а од последните информации што пристигнуваат за новината е дека се подготвуваат 10 агрегати.

Фолксваген веќе започна со сериско производство на седмата генерација на најпопуларниот модел Голф. Иако има рендери, слики, шпиунски фотографии, сепак конечниот изглед на возилото се држи во целосна тајност.

Германските новинари и оние најблиските на компанијата, „некако“ не успеваат да стигнат до евентуални снимки, но сепак дојдоа до дел од техничките карактеристики на новиот модел.

Според нив, уште со излегувањето на пазарот Golf VII ќе се нуди со избор од 10 мотори. Три од нив ќе бидат од семејството TSI – 1,2 литарски (105 КС), 1,4  (122 КС) и 1,4  (140 КС). Помоќната бензинска верзија GTI ќе добие 2,0 литарски турбо мотор со моќност од 220 КС, а ќе има и модификација Golf RS, во која истиот агрегат веќе ќе располага со 290 КС.

Прочитајте и:  „Фолксваген“ повлече над 114.000 возила во САД

Што се однесува до дизелите, нив ќе ги има вкупно четири. Засега за нив нема конкретни информации, но се очекува тие да бидат од семејството TDI, а моќноста ќе биде 90, 110, 150 и 180 КС.

Последната, 10-та верзија, ќе биде еколошката модификација Golf E85, за која допрва ќе добиеме детали.Volkswagen се откажа од својата првична намера за прв пат да го претстави Golf VII пред публиката на салонот во Париз, кон крајот на септември. Сега, премиерата е официјално закажана за 4 септември, на специјална изложба во Берлин.

Golf VII е на иста платформа, на која е и новото Audi A3 – MQB, благодарение на која ќе нуди доста поголем внатрешен простор, ќе располага со сосема нов мутлимедиски систем направен специјално за него, како и голем број технички решенија и технологии кои ќе придонесат да остане на лидерската позиција во својата класа.

Објавено во соработка со Авто Плус.

- Реклама -