Полицајци дошле заради гласна музика, жените мислеле дека се стриптизери

1428655108_bodycameras[1]

Кога двајца полицајци од Беондорф во југозападна Германија тропнале на вратата на една жена која славела 50 години, заради гласна музика, немале ни претстава на какви маки ќе налетаат.

Домаќинката мислела дека дека се стриптизери. Полицајците пробале да објаснат, но во истиот миг биле опкружени од 10-тина жени кои почнале да ги гушкаат и фотографираат. Славеничките мислеле дека негирањето е дел од стриптиз сценариото.

Уште повеќе се вжештила состојбата кога еден од полицајците ѝ го побарал бројот на славеничката – стандардна полициска процедура.

Дамиве се сепнале дека направиле голема грешка дури кога се увериле дека недалеку од куќата е паркиран полицискиот автомобил. Веднаш ја смалиле музиката и почнале да се извинуваат… Полицајците го честитале роденденот, а како подарок – ќе го заборават настанот.

- Реклама -