Чудните нешта од кои умираат Американците

Центaрот за контрола и превенција на болести во САД (CDC) располага со исцрпни статистички податоци за тоа како умираат Американците.

Главните причини за смрт кај повеќето од нив не се изненадувачки: рак, срцеви заболувања и други. Сепак, ако подобро се разгледаат податоците, меѓу причините за смрт почнуваат да се појавуваат и некои чудни нешта.

Од Business Insider подготвија листа од најнеобичнните (податоците се за периодот 1999 – 2014 година). Иако би требало да се исклучително ретки, тоа не се поединечни случаи – цената се неколку илјади човечки животи.

Вака изгледа листата:

1. Контакт со вклучена косачка за трева – 951 смртни случаи

molo[1]

2. Паѓање со лизгалки на мраз, скии, ролери и скејтборд – 1.139 смртни случаи

molo1[1]

3. Пад од дрво – 1.413 смртни случаи

molo2[1]

4. Приклештени, смачкани или притиснати меѓу предмети – 1.842 смртни случаи

molo3[1]

5. Запек – 2.167 смртни случаи

molo4[1]

6. Контакт со земјоделска техника – 4.183 смртни случаи

molo5[1]

7. Случајно задушување во кревет – 10.206 смртни случаи

molo61[1]

8. Паѓање од кревет – 10.386 смртни случаи (Тоа се скоро 2.000 повеќе во споредба со „паѓање од некоја зграда или друга структура“)

molo6[1]

- Реклама -