Филмовите и киното го с*ебуваат општеството: Аргументи од пред 100 години

024706786_prevstill[1]

Кон почетокот на минатиот век, филмовите почнуваат да се трансформираат во популарна форма на уметност. Сепак, дури и денес, има такви што сé уште на филмовите гледаат со недоверба и изразуваат најразлични дилеми околу моралните димензии, па и нивното (на филмовите) влијание врз менталното здравје. Утеха за ваквите скептици е што имале многу истомисленици низ историјата, додуша најмногу некаде меѓу 1910-та и 1919-та година.

Еве некои од најсериозните обвинувања:

Децата оглупавуваат од филмовите

Децата (денес) оглупавуваат од многу работи, а добар дел од нив и се раѓаат глупи. Но, пред еден век, критичарите сметаа дека тоа е резултат, меѓу другото, на „едноставното пренесување на информации без нивна анализа и асимилација“, кое „води до затупување“.

Подвижните слики го пленат мозокот, но ја запираат мислата”, пишува еден загрижен граѓанин во 1927 година.

Актерите се пропаднати и вулгарни луѓе

„Срам ми е да ја повторам репликата што штотуку беше испишана на екранот. Ако полицијата го фатеше макар нејзиниот крај, ќе го уапсеше менаџерот на киното”, пишува новинар од The ​​Oregonian.

Филмот не е уметност

Многумина гледаа на филмовите со презир и прокламираа дека од нив нема никаква корист.

„Да се ​​зборува за филмска уметност е вистинска фарса. Филмовите се само евтина мода, која наскоро ќе одмине”, пишува во статија на Harper’s Weekly од 1916-та година.

Кино салите се опасни

Во тоа време филмските ленти беа лесно запаливи. Така, во пожарот во едно кино во Пенсилванија во 1911-та година, изгореа над 20 лица.

„Салата беше на вториот кат, ходниците беа тесни и слабо осветлени, а излезите – малку. Ова е трагедија”, пишува The New York Times.

Долготрајното гледање на екранот може да го оштети видот

Во една медицинска статија од 1912-та година, пишува:

„Општеството не сфаќа дека подвижните слики ги напрегнуваат очите и го оштетуваат видот”.

Темните кино сали кријат темни нешта

Во 1910-та година, градоначалникот на Њујорк нареди во кино салите да има повеќе осветлување, бидејќи се премногу темни и се претвораат во опасно место каде се случуваат нелегални работи без знаење на сопствениците.

Филмовите ги претвораат децата во криминалци

Во 1910-та година, во Good Housekeeping излезе статија која ги опишува филмовите како „основно училиште за криминалци” и „антитеза на сите морални лекции”.

- Реклама -