Русија гради нуклеарен вселенски бомбардер?

1042911144[1]

Руската армија гради авион што може да предизвика тензии меѓу суперсилите, а во крајна линија и да започне нова трка во вооружување. Имено, Русија е во фаза на конструкција на авион што ќе може да лета во ниската орбита на Земјата, но воедно и ќе биде способен да лансира нуклеарни оружја кон било која точка на планетата, и тоа за помалку од 2 часа. Руските медиуми, каде неделава е објавена веста, тврдат дека бомбардерот ќе биде подготвен за употреба веќе во 2020-тата.

Од аспект на технологија, авион што е способен да достигне височина доволна за да полета во вселената – е револуционерен чекор и одлични вести. Од многу други аспекти, пак, веста за авион што може да лансира боеви глави од вселената, е во најмала рака вознемирувачка.

„Замислата е дека бомбардерот ќе полетува од нормална писта и ќе патролира низ рускиот воздушен простор. На команда, ќе се искачи во вселената, ќе ја нападне метата со нуклеарни боеви глави и потоа ќе се врати во матичната база“, вели рускиот потполковник Солодовников за Ria Novosti.

Прочитајте и:  Русија ги отфрла обвинувањата за мешање во изборите во Грузија

Не се исклучува можноста дека најавата на ваков авион е чисто перчење и демонстрација на сила и доминација од страна на руската армија, но доколку е вистина, тоа е во директна спротивност со договорот потпишан од САД и Русија во 1967-мата, со кој се забранува милитаризација на вселената.

wind-tunnel-bomber[1]

„Соработуваме со руската Централниот аерохидродинамичен институт околу дизајнот на леталото и неговите карактеристики. Мислам дека полетувачката маса (lift-off mass) мора да е меѓу 20-25 метрички тони за да може да биде напаѓачко летало. Ставен во ракетен режим, ќе може да забрзува до хиперсонична брзина“, додава Солодовников.

Што точно ќе го напојува овој опасен бомбардер сé уште е тема на шпекулации, но извештаите потврдуваат дека Русија веќе тестирала мотори за употреба на орбитниот авион.

- Реклама -