Камбек на легендарниот Bristol по 12 години

Култната британска марка Bristol Cars објави тизер фотка на својот прв нов автомобил по 12-годишна пауза. Моделот ќе го носи ќе името Bullet (куршум) и ќе се движи од 4.8-литарски атмосферски мотор од BMW со моќност од 400 КС.

Новиот Bristol има проектирана шасија „од нула“, од лесни композитни материјали. Благодарение на малата тежина забрзувањето од 0 до 100 km/h трае помалку од 5 секунди. Прототипот на Bullet беше прикажан на Фестивалот на брзината во Гудвуд во крајот на јуни. Тогаш спидстерот беше претставен со под назив Project Pinnacle.

Во однос на оваа изведба новината што ќе ја видиме на патиштата е мошне модифицирана. Официјалната премиера на Bullet ќе се одржи на 26 јули. Првично ќе се нуди со каросерија спидстер, а потоа ќе се појави и купе. Производството започнува догодина во фабрика на групата Frazer-Nash, во чиј состав влегува Bristol. Во подоцнежна фаза ќе се појави и турбинска модификација.

Последниот автомобил на британскиот производител беше Fighter (2004-2011). Купето беше опремено со 8.0-литарски десетцилиндерски мотор од Dodge Viper.

Автоплус

- Реклама -