Можеш ли да „однаучиш“ да возиш точак?

The-Backwards-Brain-Bicycle[1]

Кога некој за нешто ќе ти рече дека е како возење точак или како пливање, обично сака да каже дека е лесно и дека еднаш штом го научиш, нема заборавање. А што ако активно пробаш да заборавиш?

На Дестин од Smarter Every Day му успеа, ама после 8 месеци напорен тренинг. Во тоа му помогнаа група пријатели заварувачи-генијалци, на кои хоби им е да се зезаат со инженерите. Па така, земале обичен точак и му дале едноставен твист – обратно вртење: кога ќе го свртиш гиданот на лево, врти на десно, кога ќе го свртиш на десно – точакот оди на лево.

Сигурно си мислите дека е лесно да возите таков точак. Мислел и Дестин. Мислеле и многу други, а нивните обиди ќе ги видите во видеото. Фората е – не можете. Излегува дека возењето точак е алгоритам од разни физички сили и така ригидно е зачуван во мозокот, што не можете да го промените. Затоа Дестин тренирал по 5 минути секој ден – цели 8 месеци, кога одеднаш, преку ноќ, мозокот му „кликнал“ и можел да го вози обратниот точак. Патем, истиот експеримент го направил и со синот, кој вози (обичен) точак 3 години т.е. повеќе од половина од својот живот. За да научи да го вози обратниот, му требале 2 недели, што е уште еден доказ дека мозокот кај децата е најпластичен и најлесно се обликува (затоа и јазици најдобро се учат во детство).

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

И така, Дестин станал експерт за возење обратен точак. Тоа, од друга страна, значело нов предизвик – може ли да вози обичен? После 20 минути паѓање и јавно исмевање во Холандија – каде што врие од точаци, мозокот одеднаш му „кликнува“ и му се враќа на стариот режим на работа – возење на нормален точак.

- Реклама -