Гостите во „мрачниот ресторан“ се пречекуваат во слабо осветлен
ходник, по што ќе бидат испратени од келнерите кои носат nightvision
очила во просторијата за ручавање, каде буквално не се гледа прст пред
око.
Првиот „мрачен ресторан“ во Азија беше официјално отворен на 23 декември 2006. Овој ресторан, лоциран во Пекинг, Кина има ентериер кој е комплетно обоен во црно. Гостите се пречекуваат во слабо осветлен ходник, по што ќе бидат испратени од келнерите кои носат nightvision очила во просторијата за ручавање, каде буквално не се гледа прст пред око.
Мобилните, батериите и сите светлечки тела се забранети додека сте во оваа област. Оброкот овде се конзумира во „црна темница“, без никаква визуелна помош. Со тоа што го „исклучувате“ сетилото за вид, вашите останати сетила се стимулираат повеќе, па според теорија храната ќе биде вкусна како никогаш порано.
Во случај да се прашувате за тоалетите – да, одлично се осветлени.