Бернхард Ланг од Германија фотографира од птичја перспектива и главно се фокусира на „контрастот помеѓу убавината на Земјата и импактот на луѓето врз неа“. Во потрагата по воодушевувачки погледи одозгора кои инаку би останале невидливи за нас, Ланг лови шеми, шаблони, форми и контраст.
Во својот последен проект, Ланг ни ја демонстрира убавината на полињата со лалиња во Холандија, нормално, со поглед од небото.