Тогаш немаше аутоплеј. Порано или подоцна ќе чуеш едно гласно „штрак“ што значеше дека е време (рачно!) да ја свртиш касетата во декот на радиото. А кога ќе ја свртиш, оп, друга песна. Како?
Замислете ја тенката магнетна лента како автопат со 4 ленти: две одат во една, а две во друга насока. Кога ја свирите страна А, двете ленти одат од лево кон десно и декот/главата ги чита како соодветно на левиот и десниот звучник. Ако ја извадиш касетата и ја превртиш, сега другите две ленти одат од лево кон десно, а тоа значи дека свири страна Б. Исклучок беа оние двонасочните декови кои можеа со притискање на копче да го сменат правецот на движење на лентата, но таквите беа поскапи и се одразуваа до одреден степен и на квалитетот на звукот.
Како и да е, 4 ленти звучат како премногу за еден така тенок магнетен „автопат“. Затоа и аудио касетите не се баш најдобриот медиум. Овие ленти лесно можат да се деформираат како резултат на неправилно користење или на висока температура, а и од самото преслушување на една иста касета.
Си имаше и тоа некој свој шмек. Младоста, најверојатно.