Tesla и Елон Маск имаат таен план Б

Основачот на Tesla Motors – Елон Маск, на Twitter најави дека неговата компанија работи на „нов, таен план за Tesla“ и изрази надеж дека ќе може да го открие наскоро.

Маск прецизира дека „тајниот план“ се јавува како втор дел на веќе започнатото, но во моментот не открива детали. Шпекулации на темата никнаа веднаш, а светските медиуми потсетија на изјавата на Маск од 2006 година. Тогаш насловот беше сличен, а малку потоа се појавија новите електрични возила на компанијата, вклучувајки го и најуспешниот – Tesla Model S.

f4bbcc70-b661-443f-a279-76eedd730e4d[1]Многумина сметаат дека мистериозниот втор дел или т.н. нов, таен план за Tesla се врти околу две работи. Пред сé се шпекулира за појава на нов модел кој ќе е радикално различен од понудените електрични изведби во моментот, а потоа и за радикална промена на бизнис моделот на компанијата.

eb929898-4dad-4ce0-8055-e4ffc2174d87[1]Аналитичарите истакнуваат дека ваквиот потег од страна на Маск е поврзан со сериозниот пад на акциите на Tesla Motors од крајот на јуни. Тие паднаа за 11.36%, а негативата се должи на објавата за купување на SolarCity. Компанијата SolarCity е една од најголемите во САД за производство на соларни батерии. И уште нешто, на почетокот на месецов NHTSA започна истрага против Tesla, поради загинатиот возач во нивно возило со вклучен автономен режим. Веднаш потоа се случи и друг инцидент, повторно по вина има автономниот систем на Model X, но без повредени, ако не се смета имиџот на брендот.

Во соработка со Автоплус

- Реклама -