Спа-центри со најдобар поглед

Обично опуштањето подразбира седење со затворени очи. Но во овие спа-центри не би сакале ни да трепнете бидејќи погледот е апсолутно прекрасен.

Од џунгла во Белизе до 116 кат на зграда во Хонг Конг и Мртвото Море во Израел ова се неколку спа-центри кои заслужуваат посета само за погледот.

Хонг Конг

Повлечете се 495 метри над улиците на Хонг Конг на 116 кат на Риц-Карлтон Хонг Конг Спа-центарот. Овој спа-центар е рекламиран како највисокиот во светот и стаклените ѕидови овозможуваат прекрасен поглед на градот и пристаништето.

Бермуда

Поглед на океанот е една од причините за посетување на Бермуда а Ла Серена спа-центарот од The Reefs Hotel & Club е совршена за тоа. На посетителите на спа-центарот дури им е предложено да дојдат 30 минути порано за да пијат чај или овошни сокови додека го впиваат драматичниот поглед на Атлантикот.

Шкотска

Опкружен со прекрасните шуми на Лох Ломонд Спа-центарот Карик од Камерон Хаус има прекрасен поглед преку езерото до Бен Ломонд, особено од терасата на покривот. Не се грижете ако има доста шкотски дожд: можете да се загреете во инфрацрвената сауна, тепидариумот и собата со ароматерапевтска пареа.

Белизе

Во средината на зелената прашума на Белизе, Maruba Resort Jungle Spa ви нуди соби за опуштање кои се природни колку и џунглата околу нив. Масажите, третманите со кал, па дури и маникирите се извршуваат во бунгалови со покриви од трева, каде што можете да се опуштите опкружени со мирисите на џунглата и погледот на огромните палми и расцветаните орхидеи.

Израел

Високите гребени на Мртвото Море создаваат незаборавен поглед од Морскиот Спа-центар во Еин Геди Хотелот. Ова е најнискиот спа-центар во светот 423 метри под нивото на морето и тој го привлекува и локалното население и туристите кои доаѓаат да пловат во водата. Измачкајте се со црниот минерален кал, опуштете се дваесетина минути и измијте се во туш на брегот.

- Реклама -