Пилот ја сликна совршената бура

Кога си пилот и толку често си на небото, тоа што се случува таму веќе не те изненадува. Така мислел и Сантиаго Борха од Еквадор Ерлајнс – дека видел сé, но тогаш налетал и ја фотографирал една од највпечатливите бури во својот живот. Ова е глетката од неговиот кокпит, на височина од 11.2 километри, над Пацификот јужно од Панама:

Pilot-Flies-Above-The-Thunderstorm-To-Get-A-Perfect-Shot-Of-It-At-37000-Feet-577fab1cf05ed__880[1]

„Ја сакам оваа фотографија толку многу бидејќи можеш да ја почувствуваш извонредната моќ на бурата, но во исто време е и прекрасно колку спокојно можеш да леташ околу неа“, вели Борха.

- Реклама -