Што костимите за капење говорат за мажите

Познато е дека изборот на облека кај жените често говори за нивниот карактер, но од друга страна, разните модели на костими за капење што мажите ги носат на плажите, говорат за нивните карактери.

Ниски боксерици

Минијатурни боксерици носат момците кои имаат мошне високо мислење за себе и своето тело, но и оние кои се склони кон претерување. Со ваков костим за капење треба да се биде внимателен, бидејќи тенка е границата помеѓу висок степен на самодоверба и нарцисоидност. Исто така, ретко на кој маж му прилегаат совршено.

Боксерици

Класичните боксерици покажуваат дека мажот е подготвен за врска и не му е страв од обврските кои таа ги носи. Таков модел на костим сакаат и помалку конзервативни и традиционални мажи.

Шорцеви за сурфање

Овие шорцеви станаа навистина популарни, а можат да се носат и во теретана. Опишуваат лежерен, опуштен тип на маж кој сака екстремен начин на забава. Иако изгледаат малку несредено, мажите кои ги носат овие шорцеви, всушност, се вистински фраери, свесни за своите предности и добро знаат како да заведат.

Бермуди

Бермудите до коленици се најомилениот модел на машки костими за капење. Тие го опишуваат типот на маж кој сака да биде опуштен, добро се чувствува во своја кожа и не си го троши времето на бесцелни работи. Но мажите кои носат бермуди во изразени бои сакаат да бидат во центарот на вниманието и не им е проблем да ги искажат своите чувства.

- Реклама -