AM и PM за нердови

ampm[1]

Веројатно и во овој момент, на половина од вас часовникот на компјутерот им е наместен на 12-часовен формат, т.е. на американско-канадскиот начин на обележување на времето со AM и PM.

На почетокот сигурно ви било чудно, но сте сосема начисто со таквото одбележување откако сте сфатиле дека AM означува „по полноќ“ и доаѓа од англиското „after midnight“, додека PM означува „по ручек“ и доаѓа од англиското… стварно бе, од каде доаѓа?

Доаѓа од латинското post meridiem, што значи „после пладне“ – објаснува Ник од All Our Questions. AM, пак, не значи „after midnight“, туку значи „пред пладне“ т.е. ante meridiem. 

Денес не се користи, но 12:00 на пладне си има и свој латински израз – meridies (М) – „на пладне“. Сепак, ако на некој Американец или Канаѓанин му пишете „Ај да се видиме во 12 М“, тој ќе се чуди зошто го викате на полноќ. Интуитивно, M-то е сфатено како кратенка за „midnight“. Освен ако и тој е нерд.

- Реклама -