Сијалица што се уклучува во земја, а не во струја

shutterstock_417993556[1]

И денес, многу од домаќинствата во поодалечените делови на светот немаат постојан пристап до струја. За тие луѓе, дури и палењето на светло преку ноќта е проблем. Да, можете да користите керозинска лампа за да осветлите одреден објект/соба, но штетниот дим и испарувањата кои притоа се ослободуваат воопшто не се добредојдени.

За среќа на жителите на Нуево Сапосоа – оддалечена заедница во Перу, станаа дел од нов и интересен експеримент. Тие користат таканаречени сијалици-растенија. Овие сијалици можат непрекинато да функционираат до 2 часа, пред сé заради малата потреба од енергија. А најдоброто од сé, е што таа енергија ја добиваат исклучиво од елементите во почвата.

Како работи? Сијалицата има метална мрежа од електроди со чија помош ги лови слободните електроните кои се ослободуваат при оксидација на нутриентите кои ги произведуваат растенијата. За оваа оксидација се заслужни микроорганизмите наречени геобактери. Со други зборови, на сијалицата ѝ се потребни почва и растенија – кои во дождовните шуми ги има во изобилство.

Најголемата предност од сијалиците-растенија во Нуево Сапосоа е тоа што децата ќе имаат повеќе време во доцните часови за да читаат, учат и пишуваат домашни. ОБразованието во тој регион и онака не е многу застапено. Одвај 30 од луѓето посетуваат училиште, а 15% се целосно неписмени.

- Реклама -