Човекот што загина во сите терористички напади

photo_mexicain[1]

Ако случајно сте седнале да ги разгледате новинарските статии за жртвите од терористичките напади во последно време, многу е веројатно да сте ја виделе сликата на овој човек. Сликата беше споделена на друштвените мрежи по терористичкиот напад на аеродромот во Истанбул, тврдејќи дека мажот е еден од 42-те жртви.

Сликата беше споделена онлајн и по катастрофата на авионот на EgyptAir во мај, кога исто така се тврдеше дека мажов е еден од жртвите. Истиот мистериозен тип се најде и на списокот на жртвите при масакрот во ноќниот клуб во Орландо, Флорида, на 12 јуни. Сликата дури се најде и во видеото со лица на жртвите на New York Times.

twitter_mexique1[1]Тоа не е сé. Сликата на овој човек се појавува и при секакви други трагедии. На 19 јуни, на пример, мексиканската полиција пука во толпа луѓе кои протестираат за реформите во образованието, при што се убиени најмалку осум луѓе. На друштвените мрежи пак се појавува сликата на истиов човек, но со тврдење дека наводно тој е човекот што ја издал наредбата полицијата да пука.

photo2_0[1]

По катастрофата на авионот на EgyptAir, неколку медиуми, меѓу кои и БиБиСи, ќе ја намирисаат измамата и ќе пренесат дека интернет тролови пуштаат лажни слики од жртви, со цел да ги измамат медиумите. Иако БиБиСи објави дека мажов не е меѓу жртвите, не успеа да го идентификува. Сепак, БиБиСи ќе ги лоцира профилите што први ја споделија фотографијата по авионската несреќа, при што ќе се покаже дека им припаѓаат на луѓе од Мексико.

bbc_article[1]

Францускиот весник France 24 решава подетално да ја испита заверата. Ќе се испостави дека луѓето што стојат зад целава измама со човекот што гине во секој терористички напад/несреќа, всушност бараат одмазда, откако истиот тој човек ги измамил нив. За весникот, тие ќе изјават дека лично го познаваат и дека им должи пари на многу луѓе – по околу 1000 долари по човек.

„Сакаме целиот свет да го види неговото лице“, велат измамените.

Еден од нив ја раскажа својата приказна:

„Тој човек беше мој пријател, но ме измами со пари, како и уште четири други луѓе кои ги познавам. Поднесовме случаи против него, но бидејќи тие заглавија во судот, а тој сé уште не ни ги вратил парите, решивме да го казниме, пуштајќи ги сликите на интернет. Целта ни е да му ја срушиме репутацијата и цел свет да му го види лицето“.

Во меѓувреме, France 24 успеа да контактира со измамникот.

Тој не одрекува дека е вовлечен во судски постапки, но вели дека тоа што неговата фотографија е насекаде е само една шега што почнала по еден судски спор. Нема да ги тужи луѓето што ја објавиле, бидејќи според него, таквите судски случаи во Мексико не водат кон никаков резултат.

- Реклама -