Морничави кукли и фабриките што ги правеа

Бебињата не се добар материјал за кошмари, ама куклите бебиња се баш тоа. Особено додека се во процесот на изработка, особено во фабриките од 1930-тите и 1950-тите.

creepy-dolls
Сушење на главите на куклите.
GettyImages-3361768
Девојче се смее на глетката на толку многу глави од бебешки кукли во Ideal Toy Company во Њујорк – компанија што во 1955 беше еден од најголемите производители на играчки во светот. Не се знае што е појезиво, главите, или девојчево.
GettyImages-3301477
Калап за делови од кукли во фабриката на Cascelloid, Лечестер, Англија, во 1951 година.
GettyImages-80188162
Делови од познатата Patsy Doll се сушат закачени во истата таа фабрика на Cascelloid.
GettyImages-3319192
Работник ги поткаструва трепките на пар куклени очи, во фабриката во Тотон, Саутемптон, која беше специјализирана за производство на делови за кукли.
GettyImages-108432336
Глави во германска фабрика за кукли, некаде околу 1950-тата.
GettyImages-105219725
Фабрика за кукли од Франција, за време на подготовките за Божиќ/Нова година.
GettyImages-3285095
Работничка ги фарба целулоидните куклени глави во фабриката во Лечестер.
GettyImages-558642881
Работник им црта лица на куклите, во фабрика во Италија.
GettyImages-558671105
Во фабрика за кукли во Париз, во 1945 година.
- Реклама -