Каде гледаат Формула 1 возачите додека возат?

F1-Eye-Tracking-696x422[1]

Формула 1 возачите имаат некои од најбрзите реакции на планетата. Како тоа влијае на начинот на кој ја гледаат патеката? За да дознае, Sky Sports му стави пар очила за следење на движењата на очите на Нико Хулкенберх – возачот на Force India. Тоа им овозможи да видат на што тој се фокусира, и колку долго.

Очите имаат многу тесна точка на фокус, ама затоа мозокот е многу добар во процесирањето на сé околу таа точка на фокус, со тоа пополнувајќи ги празнините. Токму затоа обртометарот е голем сет од светла поставен на воланот, токму пред лицето на возачот. Тоа што е во периферниот вид на возачот им овозможува лесно да го видат, без всушност да го гледаат и да го оттргнат фокусот од патеката.

По сите мерења, излегува дека брзината на реакциите на очите на Хулкенберг е буквално натчовечка. Свиоците, на пример, бараат поголем дел од неговото внимание – неколку секунди. Ама затоа зеленото светло на стартот Нико го процесира за помалку од 100 милисекунди (помалку од една-десетина од секунда). Во атлетиката, за споредба, сé под 100 милисекунди се смета за нечовечко, и со тоа преран старт. Сепак, атлетичарите реагираат на испукувањето на пиштолот, а визуелните реакции на возачите на Формула 1 на светла се на сосема друго ниво.

Уште еден пример: при излегување од пит-стоп, Хулкенберг инстинктивно погледнува во ретровизорот, но на тоа троши исто така помалку од 100 милисекунди. На обичен возач му треба да гледа во ретровизорот барем пола секунда за да може да регистрира друго возило. Штосот е што Формула 1 возачите можат да го истренираат мозокот да обработува повеќе информации за пократко време, вклучувајќи ги и тие што мозокот ги прибира преку дејството на силите на физиката врз телото на возачот.

Е затоа јас и ти не возиме формула.

- Реклама -