Тие што посетиле некои од големите светски туристички атракции, знаат дека да се направи фотографија без пред објективот да ти се испречат селфи стиковите на другите туристи – е голем предизвик. Не и за Британецот Оливер Куртис. Неговиот објектив е насочен каде што за сите други е неинтересно (а не е така) – во спротивниот правец.
Инспирација добил во 2012-та, додека бил во посета на Кеопсовата пирамида во Гиза:
„Во блиската далечина видов новоконструиран терен за голф, со интензивно зелена трева. Овој визуелен сендвич од контрастна боја, текстура и форма ме заинтригираа… заради чудноста на мојата позиција; стоејќи на едно од големите светски чуда, гледајќи во ‘погрешен’ правец“.
Исус Спасителот, Рио де Жанеиро
Таџ Махал, Индија
Мона Лиза, Лувр, Париз
Партенон, Атина, Грција
Плоштад Свети Марко, Венеција
Кеопсова пирамида, Гиза
Мавзолејот на Мао, Кина
Кипот на слободата, Њујорк
Белата Куќа, Вашингтон
Ѕидот на плачот, Ерусалим, Израел
Ајфеловата кула, Париз
Рајхстагот во Берлин
Стоунхенџ, Велика Британија
Гробот на Ленин, Москва
Знакот Холивуд, Калифорнија
Базиликата на Св. Петар, Ватикан