Мапа на Јапонија од 1,8 милиони LEGO коцки

LEGO се забавува последните неколку месеци. Минатиот викенд тие го прославија Brickfair во Чантили, Вирџинија а во петокот беше осумдесетиот роденден на компанијата.

Минатата пролет, LEGO означи уште еден значаен датум – 50 години во Јапонија – што го прослави со поттикнуввање на децата да изградат џиновска мапа на земјата од LEGO коцки.

За време на “Build Up Japan” прославата, делови од LEGO мапата биле поставени во шестте региони на Јапонија каде што над 5000 луѓе придонеле на основната мапа.

Парчињата потоа биле испратени во Токио и биле составени од една нација. Од децата било побарано да ја претстават својата идеја за иднината на земјата и со помош од нивните родители и вработени од LEGO, создале огромни кули, мирни пагоди и бродчиња кои пловат наоколу.

Прочитајте и:  Истражување: Јапонците најмалку уживаат во љубовниот живот

Можете да видите повеќе фотографии од мапата на “Build Up Japan” страницата на Facebook.

- Реклама -