Уникатните килими на Аргентинката Александра Кехајоглу изгледаат како да се дел од некој зелен природен пејзаж. Направени се од рециклирани остатоци од килимите и волната што се произведуваат во фабриката на нејзините родители во Буенос Аирес. Текстилот ѝ е во крвта: баба ѝ и дедо ѝ се од Грција, а порано ткаеле килими во отомански стил во Турција.
Најголемиот дел се рачно ткаени и се моделирани според шумите, ливадите, пустините и патагонските глечери во нејзината родна Аргентина. За секој килим обично ѝ се потребни по неколку месеци работа, а некои од нив се направени со површина и до 140 метри квадратни.
Цените се движат од 15.000 до 30.000 долари. Вака на прв поглед изгледаат како супер начин за сопнување, ама и супер место за паѓање.